Ракометарите на Борец одново разочараа и со играта и резултатски. На домашен терен беа совладани од штипски Текстилец со резултат 30:33 полувреме 16:14.
Се до 39 минута велешани го контролираа резултатот, ја одржуваа предноста од два до три гола. Но настана несфатлив пад во играта, се грешеше во нападот, а и гостинскиот голман одбрани неколку зицери. Тоа го искористи на другата страна Петров кој со 12 постигнати погодоци беше нерешлива енигма за домаќините.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен кај Борец беше Филип Сиљанов со девет постигнати гола, а Лазар Стојанов постигна пет. На спротивната страна Васе Петров постигна 12 гола, додека Милисав Петров броеше до десет.
Можеби ќе ве интересира: