Фудбалерките на Борец продолжува со одличните игри во Купот на Македонија и на свој терен успеа да ја совлада екипата на Истатов со 5:4 и си обезбеди место меѓу четирите најдобри во ова натпреварување.
Натпреварот изобилуваше со пресврти, за да на крај се радува домашниот состав. Свое шоу на овој натпревар имаше Батиниќ која постигна четири ефектни погодоци, а еден погодок беше дело на Максимовиќ. За гостинките стрелаа Меијер Симона-Ребека два пати, Петрушевска и Петкова.
Содржината продолжува под рекламата
Покрај Борец пласман во полуфиналето на Купот обезбедија и екипите на Каменица Саса, Тиверија и Ас Јунајтед.
Содржината продолжува под рекламата
Можеби ќе ве интересира: