Кошаркарите на Борец Баскет не успеаја да слават во најважниот натпревар од сезоната. Во одлучувачкиот натпревар за пласман во полуфиналето од Втората кошаркарска лига загубија на домашен терен од Шкупи со резултат 69:87.
Целиот натпревар домаќините го одиграа во грч, а и шутот не им одеше од рака. Од друга страна Настовски го полнеше кошот на Борец Баскет. Одлучувачка беше третата четвртина која гостите ја добија сo 25:13, и се одлепија на високи плус 12 пред стартот на четвртата четвртина, а велешани немаа сили да се вратат резултатски.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен кај Борец Баскет беше Златев 28 поени, додека кај гостите Настовски и Василевски со по 22 поени и Стојановски со 21 поен. Екипата на Шкупи во полуфиналето ќе се сретнат со Струмица кој ги изненадија штипјани на домашен терен со 80:83 и ја добија серијата со 2:1.
Можеби ќе ве интересира: