Фудбалерите на Превалец ја забележаа 11 победа во Третата фудбалска лига – Југ. На гостински терен во Кривогаштани ја совладаа екипата на Младост со високи 3:6 и го задржаа чекорот зад лидерот Вардар Неготино.
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме. кое гостите од Превалец го добија со високи 1:5. Стојанов Пеце и Давитков Иванче беа стрелци на по два погодоци а Дукадиновски Боби и Чоков Антонио постигнаа пе еден погодок за Превалец.
Содржината продолжува под рекламата
По 16 одиграни кола во Третата фудбалска лига – Југ, Вардар од Неготино е непоразен лидер со 38 освоени бодови. Веднаш зад Вардар се наоѓа екипата на Превалец со освоени 35 бодови. Во среда ќе се одигра 17 коло а во Превалец ќе гостува екипата на Обршани.
Можеби ќе ве интересира: