Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство за април годинава изнесува 38.104 денари и е зголемена за 1.337 денари, односно за 3,63 проценти во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Најмногу пари или 16.458 денари (43,19 проценти) во април биле потребни за храна и пијалаци, по што следат трошоците за домување 11.627 денари (30,52 проценти), па за хигиена 2.672,88 денари или 6,90 отсто. Според пресметките на ССМ, за превоз на едно четиричлено семејство потребни му биле 3.367,06 денари или 8,84 проценти, за облека и обувки 2.176,03 или 5,71 отсто, за култура 1 067,86 денари или 2,80, додека за одржување на здравје, претходниот месец им биле потребни 778,47 денари или 2,04 проценти.
Содржината продолжува под рекламата
Според податоците на Синдикатот, за само една година или од претходната 2021 година истиот месец април кога синдикалната минимална кошница изнесувала 33.976 денари, истата е зголемена за 4.128 денари, односно 12,14 проценти. Најголемо зголемување е забележано во исхраната и пијалаци и кај превозот.
Можеби ќе ве интересира: