Фудбалерите на Превалец го декласираше гостинскиот тим од Обршани со резултат 13:1, во рамки на 17 коло од Третата фудбалска лига – Југ.
Гостите допатуваа со само 10 фудбалери со закаснување од 15 минути. До 15 минута домаќинте веќе водеа со 5:0, aгостите постигнаа почесен погодок во 18 минута. Следеше нова канонада на голови од домашниот тим, па на полувреме се отиде со резултат 10:1.
Содржината продолжува под рекламата
Второто плувреме гостите го започнаа со осум фудбалери. По само седум минути во вториот дел се повредија уште двајца гостински фудбалери, па судијата мораше да означи крај на натпреварот при резултат 13:1. Во следно 18 коло Превалец гостува кај екипата на Марена.
Можеби ќе ве интересира: