Фудбалерките на Борец се високо поразени во Купот на Македонија од екипата на Каменица со резултат 8:0, и не успеаја да се пласираат во финалето на ова натпреварување.
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога домаќинките водеа со 4:0. Слабата игра на велешанки продолжи и во вториот дел кога примија уште четири погодоци за конечни 8:0.
Содржината продолжува под рекламата
Каменица во финалете ќе се сретне со подобрата екипа од второто полуфинале помеѓу Тиверија и Ас Јунајтед.
Можеби ќе ве интересира: