Дваесет и четиригодишен мигрант од Авганистан е пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија.
Како што соопшти МВР, вчеравечер во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на железничкиот мост во Гевгелија било пронајдено починато машко лице со убодна рана од остар предмет на телото.
Содржината продолжува под рекламата
Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24 годишен мигрант од Авганистан.
Содржината продолжува под рекламата
Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: