Ефикасно во Велес, Борец и Кичево постигнаа 101 гол

Borec Kicevo

Меч за аналите на македонскиот ракомет одиграа екипите на Борец и Кичево. Натпреварот од 17 коло од плеј-аутот во Првата ракометна лига го добија велешани со резултат 57:44 или вкупно 101 гол на овој натпревар.

Zito akcija 640x289px

Резултатот поикажува дека двете екипи натпреварот го одиграа буквално без одбрани. Гостите од Кичево беа само рамноправен противник до осмата минута кога резултатот гласеше 4:4. Ракометарите на Борец ги искористија грешките на гостите и веќе во 13 минута водеа со 12:4, водство кое не го испуштија до крај.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Најефикасни кај Борец беа Стојанов и Гугуталиев со постигнати 12 погодоци, додека кај гостите од Кичево Мирчевски со 13 гола. За велешани останува уште еден натпревар во сезоната, гостувањето во Штип кај екипата на Текстилец.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: