Од ноќеска на полноќ нови цени на горивата

Benzinska pumpa

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2022 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 96,50 ден/лит.

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1),
не се менуваат, односно останува на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 84,00 ден/лит.

Agria

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,903 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,339 ден/кг.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 94,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 96,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 86,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 84,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 54,339 (денари/килограм)

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29854/poglavarite-porfirij-i-stefan-utre-na-zaednichka-liturgija-vo-belgrad/