Во чест на светите браќа Кирил и Методиј, денес во големата сала на Општина Велес се одржа свечена академија. Општина Велес им оддаде признанија на најдобрите ученици и просветни работници од основните и средните училишта.
За досегашниот успех и придонес кон развојот на образованието наградени беа Даниела Теова, Христијан Андовски, Елица Љуткова, Љубинка Чанева и Методија Бузалковски.
Содржината продолжува под рекламата
Заслужена благодарница доби и ОЈУДГ „Димче Мирчев“, како место каде се поставуваат темелите на образованието и градењето на детските личности.
Содржината продолжува под рекламата
Можеби ќе ве интересира: