Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден спровела засилена контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани биле 51 возач.
Како што информираат од МВР, од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Содржината продолжува под рекламата
Од таму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од Секторот за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
Можеби ќе ве интересира: