Почесното Рациново признание за проф. д-р Жарко Бошњаковиќ од Нови Сад

Dobitnik pocesno Racinovi 2022

Професор д-р Жарко Бошњаковиќ, кој е истакнат српски лингвист и редовен професор на Филозофскиот факултет во Нови Сад во научно обрзовната област српски јазик и лингвистика, е добитник на Почесното Рациново признание за 2022 година.

Zito akcija 640x289px

Бошњаковиќ учествува во изработка на Прирачници за реализација на настава по македонски јазик за потребите на многубројни образовни институции во соседна Србија. Годинашниот добитник на престижната наградата, Почесно Рациново признание 2022 посветува големо внимание и на проучување на балканските јазици. Неговите трудови од областа на синтаксата и теолингвистиката користат специфични лингвистички методи базирани на споредбено проучување на македонскиот, српскиот и грчкиот јазик.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Проф д-р Бошњаковиќ е автор и коавтор на значајни монографии, како и на значајни статии и студии објавувани во значајни публикации во Србија и пошироко. Автор е на „Македонски јазик, читанка, речник, граматика 1986“, „Со македонски во светот 2005“, коавтор е на обемното дело „Македонско-српски и српско-македонски речник:изговор и граматика 2008“.

Содржината продолжува под рекламата

Почесното Рациново признание на добитникот ќе му биде врачено во рамки на претстојните 59. Рацинови средби што во Велес ќе се одржат од 9 до 15 јуни.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: