Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=8
Во текот на следната работна седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.
Можеби ќе ве интересира: