Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цените на нафтените деривати за 1,3 отсто, при што бензините поскапуваат за половина и еден денар, а дизелот за 2,5 денари.
Според новата одлука на РКЕ, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за еден денар и од вечер на полноќ ќе чини 110 денари/литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде поскап за половина денар и ќе се продава по 112 денари/литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 102 денари/литар.
Содржината продолжува под рекламата
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така ќе биде поскапо за еден денар и ќе се продава по 99,5 денари/литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 денари и сега ќе изнесува 55,508 денари/килограм.
Moжеби ќе ве интересира: