Денеска комесарот за трговија на Велика Британија за Европа, Крис Бартон со делегација од британската амбасадa, заменик шеф на мисијата Јулиа Смит и директорот за трговија и инвестиции Никола Стојаноски ја посетија фабриката „Брако“ и „Грин машинс“ во Велес со цел да се поддржи и поттикне уште повеќе трговската и инвестициска соработка меѓу Македонија и Обединетото кралство кое е еден од најголемите пазари на кои се пласираат еколошките „Грин машинс“ возила.
Крис Бартон се сретна со главниот и извршен директор на „Брако“, Кочо Анѓушев и Благој Шалев, извршен директор во „Брако“.Комесарот Бартон се запозна со производствената технологија и погоните каде што се произведуваат овие современи еколошки возила за одржување хигиена во урбани средини чија линија само во последниве две години се збогати со три нови електрични возила и едно со погон на водород кое се уште е единствено во светот.
„Грин машинс“ од Велес има развиено организациска структура преку својата филијала во Обединетото кралство, „Green Machines sweepers – UK“, со своја директна продажба, постпродажни сервисни услуги и изнајмување на опрема.
Возилата на „Грин машинс“ беспрекорно ја одржуваат хигиената во едни од најпосетените места во Лондон како што се Централ парк и областа Вестминстер во централен Лондон.
Можеби ќе ве интересира: