Ламбе Алабаковски попладнево е пуштен во домашен притвор со одлука на Судскиот совет на Основниот суд во Битола. Мерката билa преиначена по жалбата поднесена од неговиот адвокат. Алабаковски чека обвинителен акт за подметнувањето пожар во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола за што првично доби осум дена притвор.
Алабаковски го признал делото веднаш откако бил уапсен. За него е покрената постапка за предлог-обвинение за предизвикување општа опасност.
Вчера во Битола партијата Левица одржа протест за слобода на Ламбе, а за кривично гонење на претседателот на клубот.
Поврзани вести: