Премиера на „Елегија во пет здива“ во велешки театар

Elegija vo pet zdiva

Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, в понеделник на 13 јуни на голема сцена премиерно ќе ја изведе „Елегија во пет здива“, која е танц-театар базиран по мотиви од избрана поезија од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Ацо Шопов и Никола Маџиров.

Во претставата се прикажани пет слики (пет здива), односно пет перформанси кои имаат за цел да создадат универзално разбирлив сценски јазик, доловен преку мултидисциплинарен пристап на подготовка и изведба преку комбинација на повеќе медиуми на сценско изразување како танц, нарација и физички театар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Претставата е во режија и кореографија на Филип Петковски а играат Васил Зафирчев, Симона Димковска, Наталија Теодосиева и Адријана Данчевска.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: