Во земјава има вкупно 109 249 невработени лица на возраст над 15 години. Од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование. Над половината од невработените или 56 701 лице се со средно образование, од кои над 60 проценти се мажи. Над 30 илјади или 28 проценти имаат основно образование. Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен од Државниот завод за статистика.
Меѓу невработените има 1545 магистри и 100 доктори на науки. Една третина од невработените магистри и повеќе од половина од невработените со докторат живеат во Скопје.
Содржината продолжува под рекламата
Над половина од невработените со основно образование се на возраст меѓу 40 и 60 години, додека најмногу се на возраст од 45 до 49 години – над четири и пол илјади.
Содржината продолжува под рекламата
Околу една третина од невработените со средно образование се на возраст меѓу 20 и 29 години, што значи дека можеби се уште не го завршиле своето образование. Околу 11 проценти или над 6 илјади се на возраст меѓу 30 и 34 години. Над пет илјади или по десет проценти се на возраст меѓу 35 и 39 години и меѓу 55 и 59 години.
Гледано по статистички региони најголем дел од невработените со основно – 27 проценти живеат во Полошкиот регион.
Можеби ќе ве интересира: