Фудбалерите на Превалец уште еднаш ја покажаа својата класа. На гостински терен во рамките на 25 коло од Третата фудбалска лига Југ тие го декласираа домашниот тим на Возарци со резултат 1:6. Mечот не го дочека својот крај ткако домашната екипа остана со помалку од седум играчи.
Сепак Превалец оваа сезона ќе ја заврши на второто место, откако Вардар убедливо го совлада Динамо на теренот со вештачка трева во Прилеп со 0:4 со што направија недостижна разлика од пет бода на едно коло пред крајот на сезоната.
Содржината продолжува под рекламата
Во последното коло кое ќе се одигра во среда во Превалец гостува екипата на Големо Коњари.
Можеби ќе ве интересаира: