На последниот натпревар во рамки на 26 коло од Трета лига – Југ, фудбалерите на Превале уште еднаш покажа сила, моќ и тотална доминација, откако со 3:2 го совлада тимот на Големо Коњари.
Типично за натпреварите кои се играа на стадионот во Превалец е доцнењето на гостинските екипи, така и овој пат натпреварот започна со 30 минутно задоцнување. Гостите од Коњаре сепак се покажаа како тврд орев на овој натпревар.
Содржината продолжува под рекламата
Резултатот го отвори Бобан Атанасовски. Во вториот дел Филип Бешовски израмни на 1:1. Во 67. минута Пеце Стојанов го врати водството за Превалец од 2:1, а по четири минути игра Петар Петроски погоди за 2:2. Неизвесноста продолжи, а седум минути подоцна Александар Крстевски постигна гол за конечните 3:2.
Содржината продолжува под рекламата
Фудбалерите на Превалец ја завршија сезоната на втората позиција со освоени 60 поени и со гол разлика од плус 66 гола и постигнати точно 100 погодоци. Вардар Неготино е првак на Третата лига – Југ и ќе игра бараж за влез во Втората лига.