Голема трагедија избегната откако попладнево, непосредно по заминувањето на вработените, се урна дел од зградата на Работнички универзитет во Велес.
Инцидентот се случи во 15.50 во период кога во зградата немало никој, па затоа нема ниту жртви ниту повредени. На терен веднаш излегоа екипи на противпожарната бригада и полицијата и се врши увид на местото на несреќата.
Дали причина за уривањето на зградата е можеби уривањето на куќа во непосредна близина на Работнички универзитет, ископите кои се прават на улица или нешто сосем друго, ќе покаже истрагата.
Можеби ќе ве интересира: