Премиерот Димитар Ковачевски денеска на средби со своите владини партнери за да ја реафирмира поддршката на владејачката коалиција, но и да го потврдат ставот дека предвремени парламентарни избори не се опција.
На таа средба, вели Ковачевски, секој ќе го каже своето мислење, а целта е да се направи рекапитуалција на се тоа што беше направено во однос на справување со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата Влада.
– Меѓу другото ќе информираме за мерките кои ќе бидат преземени, а се вцртани во ребалансот, ќе направиме и осврт и на кризата како од аспект на енергетската криза, кризата со растечките цени на светските берзи во однос на храната, на енергенсите суровините предизвикани од нападот на Русија врз Украина, појасни Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања при учеството на Преспа форумот за дијалог.
Додаде оти ќе се осврнат и на важноста на водењето севкупни политики во државата во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Република Северна Македонија и усогласување со системот на ЕУ.
Според Ковачевски, тоа ќе биде позитивна средба на која, како што кажа, граѓаните ќе се уверат дека има владејачо мнозинство и Влада која се грижи за животниот стандард на граѓаните и обезбедување на се она што треба една Влада да го обезбеди во услови на најголема криза. Тоа, вели, е различно од тоа што го прави опозицијата, бидејќи, како што рече, „таму единствено гледаме деструкција и блокирање“.
Можеби ќе ве интересира: