Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска стапија во генерален штрајк бајарќи линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2 806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.
ССМ утрово постави 120 столчиња пред Собранието на Република Северна Македонија, со потсетување до пратениците да го прифатат нивниот амандман на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор. Столчињата ќе бидат поставени пред Собранието до 14 часот.
Содржината продолжува под рекламата
Претседателот на ССМ Дарко Димовски посочи дека од сите народни избраници од сите политички партии кои нема да ја дадат поддршката на работниците преку прифаќање на амандманот, ќе биде побарана оставка врз основа на легитимното право што го имаат како претставници на работниците како ССМ.
Mожеби ќе ве интересира: