Започна поставувањето нов асфалт на делницата од Фариш до Прилеп на магистралниот пат Прилеп-Градско. Тоа значи дека ќе се обноват 19 километри од оваа делница на патот, а зафатот ќе чини околу четири милиони евра.
Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми направи увид во работите, неопходна е рехабилитацијата на патот кој е една од потешките делници на фекрекфентниот магистрален пат Градско-Прилеп.
Содржината продолжува под рекламата
Министерот потенцира дека се работи на регионалното поврзување, преку рехабилитација на патниот правец кон граничниот премин Меџитлија и изградената пруга кон Кременица, како алтернативни транспортни врски со Грција.
Mожеби ќе ве интересира: