Кај затвореници во штипскиот затвор се најдени дрога, мобилни, ножеви и пари

Zatvor Stip
Zatvor Stip

Во координирана акција во затворот во Штип пронајдени се мобилни телефони, ладно оружје, пари, психотропни супстанции и недозволеми материи.

Zito akcija 640x289px

Денеска беше спроведена координирана акција во КПД Штип.Акцијата се реализираше во раните утрински часови од 6 до 9 часот а беше организирана од Управата за извршување на санкции, МВР и ЈО.При претресот во затворските простории пронајдени се 11 мобилни телефони, 5 ножеви, 5 штрафцигери и 23 500 денари кај едно лице, информираат од министерството за правда.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во една соба се пронајдени и кеси со прихотропни супстанции и недозволени материи.Акцијата во КПД Штип е дел од координираните акции во казнено поправните установи кои ќе следат во наредниот период. Секое именувано лице доколку стори кривично дело-злоупотреба на службената положба ,ќе сноси одговорност. Никоја нема да биде поштеден од одговорност.Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција на девијантните појави, се вели во писмената информација од министерството за правда.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: