Анонимен телефонски повик со дојава за бомба добиле вработени во железничката станица во Скопје. Евакуирани се сите вработени во железничката станица, во автобуската станица, како и вработените во казината и дуќаните.
Од МВР појаснуваат дека веднаш биле преземени мерки и направени биле потребните проверки, по што било утврдено дека станува збор за куфер со облека, кој го оставила повозрасна жена.
Содржината продолжува под рекламата
„Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за едно лице кое го оставило куферот, во кој имало облека односно нема никаква опасност за граѓаните“, Се вели во соопштението од МВР.
Можеби ќе ве интересира: