По подолго време бројот на активни случаи од Ковид-19 во Велес е со двоцифрени бројки. Во текот на вчерашниот ден во Велес се регистрирани нови девет случаи, со што бројот на активни случаи е 14. Дали коронавирусот се враќа ќе покаже времето.
Инаку во 10 македонски градови нема лица заразени со коронавирус, додека најмногу активни случаи има во Скопје 395. Вкупниот број на активни случаи во Македонија е 648.
Содржината продолжува под рекламата
Комисијата за заразни болести денес ќе одржи седница на кој ќе ја разгледа актуелната состојба со ковид-19. Министерот за здравство Беким Сали вели дека состанокот се свикува по пауза од два месецa, со цел да се направи анализа на севкупната состојба поради порастот на заболени од коронавирус.
Можеби ќе ве интересира: