На ракометното игралиште денес се одржа комеморација по повод смртта на Тони Шопов поранешен репрезентативец на Македонија и легенда на велешкиот ракомет. Беше член на првата репрезентација на Македонија, во која што играа и Манасков, Маринковиќ, Стефановски, Станковски…
Голем број на граѓани денес му оддадоа последна почит. Тој зад себе остави богата играчка кариера со многу победи и порази.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните пет години тој боледуваше од канцер на дебелото црево, но не успеа да се избори во битката со тешката болест.
Можеби ќе ве интересира: