Денеска Регулаторната комисија за енергетика ќе ја соопшти новата повисока цена на струјата која домаќинствата ќе ја плаќаат во следните шест месеци.
Поскапувањето е неминовно, но за колку точно ќе се знае утре попладне. Сите енергетски компании од земјава побараа зголемување. Само цената на Државните електрани по која ќе ја продаваат на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум е за 17 отсто повисока од актуелната, а таа цена има најголем удел во финалната која ја плаќаат граѓаните.
Денес треба да бидат објавени и сумите за новите тарифни блокови по кои ќе се формираат сметките.
Можеби ќе ве интересира: