ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е крајно неповолен за Македонија

vmro-dpmne palata

Францускиот предлог, кој Владата е подготвена да го прифати, е крајно неповолен за Македонија бидејќи ги содржи бугарските барања. Тоа е ултиматум и диктат по кој на Македонија и’ преостанува или вечно да преговара или да настане комплетна асимилација, наведе ВМРО-ДПМНЕ.

Zito akcija 640x289px

Од партијата појаснуваат: „Предлогот во себе предвидува протоколи, или како што сака Владата да ги каже годишни извештаи, преку кои ќе се оценува спроведувањето на членот 12 од Договорот со Бугарија од 2017 година во кои се предвидува промени на учебници за ликови и настани од македонската историја, промени на табли на споменици, музеи и јавни места кои им пречат на Бугарија, санкционирање на секаква критика или поинакво мислење под превезот на говор на омраза и слични други понижувања“.

Agria

„Овој протокол, но и целиот предлог е пораз на македонската дипломатија, бидејќи предвидува асимилација и национално обезличување на Македонија.

Затоа гневот во јавноста и кај народот е огромен. Затоа гласно НЕ за овој ултиматум кажуваат и експертите и интелектуалците, па дури и дел од функционерите на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува граѓаните кои достоинствено и гласно се противат на оваа капитулација на владата на Ковачевски. СДСМ и Ковачевски се тие што одбраа да бидат против сопствениот народ, само за да зачуваат фотелји на сметка на македонскиот идентитет. Пораката на народот е ‘Ултиматум, НЕ БЛАГОДАРАМ’“, се додава во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/30894/dve-licza-pochinaa-vo-kavadarczi-otkako-padnal-kran/