Мицкоски не е никаква жртва туку режисер на крваво сценарио. Крваво сценарио на Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, крваво сценарио кое не успеа. Мицкоски не беше вечерва мета туку ја одигра најлошата улога за државата и за граѓанитe, соопшти вечерва портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски за инцидентите што се случија кај споменикот „Скендербег“.
Каевски го прикажа на фотографии човекот „за којшто Мицкоски според нивното крваво сценарио требаше да глуми негов напаѓач, Цуфи Кока“.
-Овој човек е брат на висок член на коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, Алијасна, којшто воедно е директорот на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Повторувам, станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијана во Чаир и главен функционер во кампањата на Данела Арсовска. Погледнете ги фотографиите. Данела е на секоја втора фотографија, објасни Каевски.
Tој додаде дека „се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и ова крваво сцнарио кое вечерва не успеа“.
-Воопшто и немаат друга стратегија освен крериање тензии, конфликт и страв кај граѓаните, дециден е Каевски.
Портпаролот на СДСМ повика граѓаните никако да не подлегнувааат на провокации.
-Апелираме на смиреност а институциите да си ја завршат работата и сите инволвирани да одговараат пред законот. Нема да дозволиме дестабилизација и сите нивни деструктивни сценарија повторно ќе бидт поразени, порача Каевски на вонредната прес-конференција.
Можеби ќе ве интересира: