21-годишна девојка и двајца мажи на возраст од 34 и 35 години од Македонија, во биле уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога, пишуваат грчките медиуми.
Од грчката полиција информираат дека било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос” и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.
Уапсените биле организирани во криминална група, со конкретни улоги, едниот бил набавувач и имал лидерска улога, останатите биле шверцери, а дрогата на островот ја продавале во мали пакувања до заинтересираните корисници на дрога.
Можеби ќе ве интересира: