ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес препорача водата од чешмата во Башино село да не се употребува за пиење. Тие во примерок од вода констатирале присуство на Колиформни бактерии (индикатор на фекално загадување) и дека водата е неисправна за пиење.
„Според резултатите од последниот Извештај од извршена анализа за здравствена безбедност на водата за пиење од природна чешма БАШИНО СЕЛО на 11.07.2022 год., JЗУ Центар за јавно здравје – Велес дава стручно мислење дека примерокот од вода има присуство на Колиформни бактерии (индикатор на фекално загадување) и дека водата е неисправна за пиење, не соодветствува на прописите за бактериолошка анализа. Оваа вода не може да се користи како вода за пиење“ соопштија од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Побарано е од ЈКП Дервен да изврши соодветен треман на водата во каптажата. По извршениот третман ќе се изврши контролна проба на водата од чешмата, а за квалитетот на водата граѓаните ќе бидат навремено известени.
Можеби ќе ве интересира: