Ковид состојба во изминатото деноноќие, 23 нови заразени велешани

Veles

Во денешната ковид статистика во Велес се регистрирани нови 23 позитивни случаи на ковид-19. Оздравени се осум пациенти. Бројот на активни случаи во Велес се искачи на 65.

Zito akcija 640x289px

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.489 тестови, а регистрирани се нови 511 случаи на КОВИД-19: Скопје – 276, Куманово, Кавадaрци и Охрид – по 27, Велес – 23, Битола – 22, Тетово – 17, Прилеп – 15, Штип – 13, Струмица и Кочани – по 12, Радовиш и Делчево – по 6, Гостивар, Струга, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка – 3, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 2, Берово, Валандово и Богданци – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од вкупниот број на позитивни (511), регистрирани се 129 реинфекции. Регистрирани сe 264 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (72г и 88г),  едното лице е починато во болнички услови, а другото лице во домашни услови. Лицата се починати на ден 05.07.2022.

Од градовите во Македонија кои сеуште немаат пријавено ковид пациенти се Пехчево, Демир Капија, Крушево и Македонска Каменица.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31113/pronajden-pochinat-mlad-mazh-kaj-deponijata-vo-negotino/