Во две акции на полицијата за справувањето со нелегалната продажба на наркотици во велешкиот регион, вчера и денес од слобода се лишени две лица лица, а запленета е извесна количина на марухуана.
„На 12.07.2022 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Велес – Полициска станица Неготино го лишиле од слобода Р.А.(44) од с.Пепелиште, неготинско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени 19 стебла од растението канабис со висина од 1,5 до 2 метри, една вреќа со листови и врхушки од канабис сатива и едно ќесе со листови од канабис сатива“ соопшти велешката полиција.
Содржината продолжува под рекламата
„На 13.07.2022 во 01.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.Ј.(33) затоа што него била пронајдена и одземена марихуана“, информираат од велешката полиција.
По целосно документирање на случајите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: