Уште еден ракометар на велешки Борец го напушти клубот. Левиот бек Илија Табаков кој беше еден од носителите на играта на Борец потпиша тригодишен договор со суперлигашот Бутел Скопје.
Селекторот на машката кадетска репрезентација, Раде Стојановиќ го стави Табаков на поширокиот список на ракометари кои конкурираа за место во кадетската репрезентација, но сепак тој не избори место.
Содржината продолжува под рекламата
По Лазар Стојанов кој потпиша за Металург РА, Табаков е уште еден играч кој официјално заминува од клубот. Борец во новата сезона ќе настапува во Првата ракометна лига Група Б, а со каков состав ќе биде, останува да видиме.
Можеби ќе ве интересира: