Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес приведоа 23 годишен скопјанец со привремен престој во Велес, кој се сомничи дека има предизвикано пожар на градската депонија во Велес.
„На 18.07.2022 во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.М. (23) од Скопје, со привремен престој во Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно предизвикување пожар на градската депонија. При преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело“, соопшти велешката полиција.
Содржината продолжива под рекламата
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: