Реклама

26 нови случаи во целата држава, двајца новозаразени во Велес

Во изминативо деноноќие позитивни на вирусот се 26 пациенти. Четири лица во Скопје и Тетово, единаесет во Куманово, тројца во Прилеп, двајца во Велес и по еден во Кочани и во Пробиштип.

Zito akcija 640x289px

Со ова вкупниот број на заболени во земјава достигна 854 лица.

Agria

Како што и претходно информиравме, битката со вирусот ја загуби еден Велешанец а денес исто така има двајца починати од Скопје и еден од Прилеп.

sostojba_denes_130420

Според тоа што го објави министерот Венко Филипче, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четири пациенти: пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).

Вкупниот број на починати кај кои е дијагностициран вирусот досега изнесува 38 лица.