Двајца велешани на возраст од 20 и 37 години биле уапсени од страна на СВР Велес на автопатот А1, бидејки кај нив било пронајдено пакување со кафеава прашкаста материја.
„На 20.07.2022 околу 20.50 часот на автопатот А1, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.М.(20) и С.К.(37), двајцата од Велес, бидејки кај нив било пронајдено пакување со кафеава прашкаста материја. Тие биле приведени во Полициската станица во Велес“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветени поднесоци, информираат од велешката полиција.
Можеби ќе ве интересира: