Патничко возило „БМВ“ со австриски национални ознаки излетало од патот на улица „Ристо Попов“. Возачот минал со телесни повреди.
„На 23.07.2022 околу 23.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Ристо Попов“, патничко возило „бмв“ со австриски национални ознаки, управувано од Ј.Џ.(28) од с.Горно Оризари, велешко, излетало од патот“, соопшти велешката полиција.
Содржината продолжива под рекламата
Возачот бил пренесен во Општа болница во Велес, каде му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: