Вработените на фабриката за шински возила „Колска“ предводени од синдикатот утрово со блокада на железничкиот сообраќај на станицата во Велес и гласни сирени го искажаа својот револт кон УЈП заради шесмесечното блокирање на фабричката жиро сметка, како и кон Владата и на надлежниото Министерството за транспорт и врски за нерешавање на статусот на оваа државна фирма веќе 20 години.
Како што информира денеска на протестот Тони Арсовски претседател на фабричкиот синдикат при ССМ, поради блокадата од страна на УЈП тие веќе три месеци не можат да го исплаќаат долгот на рати кој што е од висина од 37 милиони денари, односно не може да набават репроматеријали за работа односно за репарација на 20 соварни и 1 патнички вагон. Воедно очекуваат да им пристигнат уште 10 цистерни од фирмата „Оилко”.
Арсовски од името на вработените побара итна помош од надлежните бидејќи вчера добиле допис од УЈП за присилна наплата на долгот во деловни простории и погони на фабриката „Колска” во вредност од долгот, 37 милиони денари.-Освен итно деблокирање на сметката од страна на УЈП, ние од надлежните, Владата и министерството бараме конечно решавање на статусот на фирмата со што ќе запре нашата агонија. Ние веќе 20 години и сега како најприфатливо решение за вработените од „Колска“, бараме таа да биде во состав на ЈП Македонски железници затоа што основната дејност на нашата фабрика е репарација на железнички вагони,како што бевме порано, потенцира Арсовски.
Тој информира дека овие барања тие веќе пред еден месец ги испратиле до премиерот Димитар Ковачевски. Пред еден месец во разговор со вицепремиерот Фатмир Бетиќи им било ветувано дека некој ќе ја купи фабриката, но сето тоа пропаднало.-Пред еден месец ни прати порака и дека ќе ги посети работниците но засега ништо од тоа ветување појасни Арсовски.Тој информира дека со блокада на железничкиот сообраќај на станицата во Велес ќе излезат и утре и понатаму се додека некој од надлежните во владата и министерствата не дојдат и не разговараат со вработените во фабриката за решавање на нивните проблеми, а пред сѐ под итно да им се одблокира сметката од страна на УЈП. Во спротивно ќе продолжат и со протести пред Владата.
Од некогашните 300 вработени пред 20 години, поради пензионирање и непримање на нови работници сега се останати 76, а поради старосната граница над 55 години, за две години сегашниот број на работници ќе се преполови.Арсовски информира и дека веќе 4 месеци вработените се под минимална плата.
Можеби ќе ве интересира: