Реклама

Илинденските коњаници тргнаа кон Крушево, денес пристигнуваат во Велес

Илинденските коњаници од Општина Аеродром синоќа тргнаа на пат кон Крушево, одржувајќи ја традицијата од 1978 година.

По 44-ти пат, во организација на Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, 27 коњаници, меѓу кои и една девојка, тргнаа кон местото каде што започна Илинденското востание и ќе дадат свој значаен придонес во одбележувањето на 119. годишнината од големиот македонски празник.

Содржината продолжива под рекламата

Agria

Денес во 19:00 часот, коњаницата ќе пристигне во Велес, а делегации на Општина Велес, здруженија на граѓани и останати, ќе положат цвеќе пред споменикот на Велешките илинденци во центарот на Велес.

Можеби ќе ве интересира: