Бројките на ковид позитивни не престануваат да растат. Вчера се регистрирани 897 нови случаи. Од нив 215 се реинфекции. Во Велес беa регистрирани 37 нови ковид случаи, а 25 пациенти беa регистрирани како оздравени. Бројот на активни случаи во Велес се искачи на 161.
Симптомите се поблаги и помал е бројот на хоспитализации. Но, тоа не значи дека вирусот не носи сериозна опасност за постарите и ризичните групи граѓани. За тоа говори и податокот дека во последниве десетина дена во Ковид билтенот на МЗ се евидентирани 16 смртни случаи.
Содржината продолжива под рекламата
Од велешката болница информираа дека се хоспитализирани 16 ковид пациенти, сите на инфектиното одделение. Шест пациенти се на кислородна подршка.
Иако минатата недела од Комисијата за заразни болести состојбата ја оценија како стабилна, сепак останува обврската да се носат маски во здравствените установи, аптеките и јавниот превоз како и препораката ризичните катетогиории тоа да го прават во сите затворени простории каде има голема фрекфенција на луѓе.
Можеби ќе ве интересира: