Новиот второлигаш, велешки Борец во првото коло од Втората лига ќе се сретне со екипата на Слога 1934 од Виница, додека во првото коло од Купот на Македонија противник на велешани е третолигашот Фортуна. Вака одлучи ждребката, на која беше одреден распоредот на натпревари за новата сезона во второлигашкото друштво.
Велешката спортска јавност се уште не знае со какви амбиции ќе влезе клубот во новата натпреварувачка сезона, бидејќи досега нема никакви официјални информации со кој играчки кадар располага, а сезоната ќе започне на 13 август.
Она што се знае е дека Борец ги загуби скоро сите фудбалери и со нов стручен штаб ќе тргне во единствената Втора лига. Имено, клубот започна подготовки со нов млад стручњак, во името на Србинот Хаџи Стефан Ристиќ. Иван Мицевски, Борче Сркески, Иван Чичевски и Давид Спасовски се нови имиња во младиот ростер на фудбалери, главно членови на академијата на клубот.
Можеби ќе ве интересира: