Три плажи затворени за туристи на грчкиот остров Тасос

Поради високите температури во Грција и ризикот од пожари, затворени се трите најпопуларни плажи на Тасос. Грчките власти воведоа посебни мерки за заштита на локалното население и туристите.

Zito akcija 640x289px

Пристапот е забранет на најпопуларните плажи – Порто Вати, Мермерна и Парадајс, а ограничен е и сообраќајот на одредени патишта. На туристите им се советува и да не одат во селата во внатрешноста на островот, како што се Теологос, Касавити, Кастро, Мариес. Исто така, се советува во наредните денови населението и туристите да изберат некои полесно достапни плажи.

Agria

„Поради сушата и силните ветрови, ризикот од пожар е многу висок, особено во јужна Грција. Оваа состојба ќе трае неколку дена“, предупреди грчкото биро за метеорологија.

Српски туристи кои моментално се на Тасос на социјалните мрежи велат дека на плажите има пожарникари и дека никој не може да помине.

„Денеска отидовме на Мермер Бич и не вратија назад, пожарникарите го затворија патот и нема излез“, напишаа Србите на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: