Фатени малолетници кои ограбиле неколку дуќани во Велес

policija lisici
policija lisici

Кавадаречката полиција уапси двајца малолетници, за кои се сомнева дека пред повеќе од еден месец ограбиле неколку продавници во Велес. Тие се фатени синоќа, откако извршиле дрски кражби во два кавадаречки дуќани. Двајцата малолетници ги признале кражбите и на полицијата до детали и објасниле како ги краделе парите од касите на продавниците.

Zito akcija 640x289px

„На 09.08.2022 полициски службеници од Полициската станица Кавадарци лишиле од слобода двајца малолетници, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело тешка кражба на дрзок начин. Тие во 20.50 часот извршиле кражба од продажен објект во Кавадарци, а пред тоа во друг  продажен објект, одзеле од касата пари. По преземени мерки и активности е констатирано дека 01.07.2022 на подрачјето на Полициска станица Велес во маркет во Велес , од сеф во канцелариска просторија од продажен објект одзеле пари, а истиот ден во уште една продавница во Велес извршиле кривично дело „кражба“ во обид.  Тие се приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив го појасниле начинот на извршување на делата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По целосно документирање на случаите, полицијата против нив ќе поднесе соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: