Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58% во однос на одлуката од 11.08.2022 година.
Бензинот од 95 октани ќе поскапи за половина денар, а за еден денар по литар ќе поскапат бензинот од 98 октани и нафтата за домаќинствата, додека цената на дизел горивото нема да се менува.
Содржината продолжува под рекламата
Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 88,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 91,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 90,00, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 86,50 денари. Килограм Мазут М-1 НС ќе чини 52,814 денари за килограм.
Можеби ќе ве интересира: