Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

avtopat veles-skopje
avtopat veles-skopje

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути, а на ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Zito akcija 640x289px

Од 18.08.2022 до 12.09.2022 на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови.

Agria

Од 09.08.2022 до 26.08.2022 на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: