Цената на дизелот од вечерва на полноќ одново поскапува, одлучи регулаторната комисија за енергетика.
Цената на дизелот ќе се зголеми за 2 денари, и ќе изнесува 98,5 денари.
Цените на бензините остануваат исти. ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по 91,5 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по 89 денари по литар.
Се зголемува и цената на мазутот, и според новата цена ќе изнесува 53 денари, додека цената на екстралесното масло за домаќинство остнува иста – 93 денари.
Можеби ќе ве интересира: